ГЛУМЕЛ ВРАБОТЕН ВО МВР, НО ГО ОТКРИЈА Полицијата пронајде фалсификувани лични карти и печати

Еден се претставил како дипломат, другиот како вработен во МВР, полицијата открила сомнителни документи и биометриски материјали во возилото

3,027

Вчера полициските службеници на „Табановце“ ги привеле С.С. (59) и Б.А. (55), двајцата од Скопје, под сомнение за сторено кривично дело „фалсификување исправа“.

Според информациите од Министерството за внатрешни работи, С.С. управувал патничко возило „Голф“ со скопски регистарски таблички и при влез во државата се обидел да влезе со приоритет. Тој им се претставил на полициските службеници на ФРОНТЕКС како дипломат, приложувајќи патна исправа за која тврдел дека е издадена од „Европски полициски комитет“. Истовремено, на македонските гранични полицајци им рекол дека е вработен во МВР, но не поседувал службена легитимација.






При извршената дополнителна контрола на возилото и на лицето, биле пронајдени повеќе сомнителни предмети: неколку патни исправи, една биометриска страна за патна исправа, два пластични печати, четири лични карти и други документи.

Поради постоење основи на сомнение дека се работи за фалсификувани исправи, предметите се одземени, а двете лица се лишени од слобода. По целосно расчистување на случајот, против нив ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави.

Поврзани содржини