КРВАВ НАПАД ВО ОХРИДСКИ ХОТЕЛ Скопјанец со нож повредил двајца вработени

43-годишен маж од Скопје заврши во полициска станица откако со нож повреди двајца вработени и предизвика хаос во хотелски комплекс во Коњско.

1,574

Полициски службеници од СВР Охрид го привеле 43-годишниот А.Д. од Скопје, откако вчера со нож нападнал две лица вработени во хотелски комплекс на охридското крајбрежје, во близина на селото Коњско.

Како што соопшти Министерството за внатрешни работи, осомничениот по нападот со остар предмет врз вработените, дополнително го оштетил и хотелскиот инвентар, пред да биде совладан и лишен од слобода од страна на полицијата.






Повредените лица се пренесени на лекарски преглед, но засега не е соопштено каква е тежината на нивните повреди. Полицијата работи на целосно расчистување на случајот, а против напаѓачот ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.

Поврзани содржини