„РАЦЕТЕ ПОДАЛЕКУ ОД ФАМИЛИЈАТА“ Лефков предупредува на синхронизиран напад кон македонските политичари

Хибридна офанзива во полн ек! Објави насочени против мене и мојата фамилија од 24 часа бг, за минута превземена на страници кај нас. Лаги, вести, дискредитации, стартуваат по нарачка, од ботови или бугарски страници, а потоа молневито се шират, реагира Лефков.

4,360

Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ вечерва предупреди дека македонските политичари кои ги штитат националните интереси се цел на синхронизиран напад, откако во некои македонски портали беше пренесена информација против него што ја објавија дел од бугарските медиуми.

„Хибридна офанзива во полн ек! Објави насочени против мене и мојата фамилија – објава на 24 часа бг. За минута превземена на страници кај нас. Лаги, вести, дискредитации, стартуваат по нарачка, од ботови, скришни или бугарски страници, а потоа молневито се шират“, реагира Лефков.






Координирана и скапа акција, додаде тој и ја повика СДСМ да го објасни неодамнешното соопштение во кое вели дека „жолтите комбиња се вратија, ВМРО-ДПМНЕ се во параноја и процес за дефокус од реалните проблеми“.

„СДСМ сега да си го објасни соопштението полно со навреди, повикувајќи се на жолти комбиња и параноја – додека реално, Македонија и македонските политичари кои ги штитат националните интереси се цел на синхронизиран напад. Ова не е параноја, туку организирана операција против секој што се бори за македонските интереси. СДСМ да одбере страна! Рацете подалеку од фамилијата! Рацете подалеку од Македонија“, напиша Лефков.

Пратеникот Лефков во гостување на ТВ Алфа претходно денеска ги искажа своите ставови дека СДСМ има непримерно, антимакедонско и симптоматично пробугарско дејствување, кое делува синхронизирано со бугарската страна и целосно одговара на наративот на службите од Софија.

Поврзани содржини