КАВАДАРЧАНЕЦ ВОЗЕЛ СО 2,92 ПРОМИЛИ АЛКОХОЛ ВО КРВТА Направил судар, па дувал

Р.С. бил задржан во полициска станица. По документирање на настанот против него ќе биде поднесена пријава по член 297-а од Кривичниот законик за безобѕирно управување со моторно возило.

389

Лишен е од слобода кавадарчанец, кој управувал возило со 2,92 промили алкохол во крвта и предизвикал сообраќајна незгода, соопшти полицијата.

Вчера, 21.07.2025, во 21.15 часот на улицата 7 Септември во Кавадарци, полициски службеници го лишиле од слобода Р.С.(29) од Кавадарци.






Тој со патничко возило „фолксваген“ учествувал во сообраќајна незгода во која се судрил со патничко возило „пежо“, управувано од Б.К.(31) од Кавадарци. При увидот, било утврдено дека Р.С. управувал возило по дејство на алкохол, односно му биле измерени 2,92 промили алкохол во крвта.

Р.С. бил задржан во полициска станица. По документирање на настанот против него ќе биде поднесена пријава по член 297-а од Кривичниот законик за безобѕирно управување со моторно возило.

Поврзани содржини