ВОЗАЧКАТА НА АВТОБУСОТ ГО ИЗГАСНАЛА ОГНОТ, ПРЕНЕСЕНА Е ВО БОЛНИЦА Хаварија се случила на булеварот Борис Трајковски

Случајот бил пријавен кон 07.16 часот. Итната медицинска помош ја однела С.Б. во Клиничкиот центар за укажување помош.

1,873

Возачка на автобус на ЈСП заврши на Токсикологија откако успеала да го изгасне огнот кој избувнал рано утринава, 21 јули, информираше полицијата. Пламенот избувнал додека автобусот се движел по булеварот Борис Трајковски.

Случајот бил пријавен кон 07.16 часот. Итната медицинска помош ја однела С.Б. во Клиничкиот центар за укажување помош.






Засега не е позната причината за пожарот. Во полицискиот билтен се вели дека се истражува случајот.

 

Поврзани содржини