📽 ФРОНТМЕНОТ НА КОЛДПЛЕЈ СЕГА ДУВА И НА ЛАДНО МЛЕКО На концертот во саботата ја предупредувал публиката за кис камерата, прашал пар дали е легитимен

Фронтменот на Колдплеј, Крис Мартин, продолжил со „кис кем“ моментите на концертот, но овој пат со видлива доза претпазливост. Шеговито, но и нервозно, ги прашувал паровите дали се навистина заедно, обидувајќи се да избегне нова незгодна сцена. По неколку секунди тишина и неизвесност, еден пар конечно се бакнал, што предизвикало бурни аплаузи. Социјалните мрежи експлодираа со коментари дека Мартин е веќе „трауматизиран“ и дека „ќе се плаши од секоја камера во иднина“.

1,563

Фронтменот на бендот Колдплеј, Крис Мартин, се погрижи да ги предупреди сите присутни на концертот во саботата вечер дека можат да се појават на видеоекраните за време на изведбата на т.н. „Џамботрон сонг“, објави Си-Ен-Ен.

– Би сакале да им кажеме здраво на некои од вас во публиката. Како ќе го направиме тоа? Ќе ги користиме нашите камери и ќе ставиме некои од вас на големиот екран – рекол Мартин на сцената на стадионот Кемп Рендал во Медисон, Висконсин, според видео објавено на социјалните мрежи.






Сѐ уште свирејќи на својата акустична гитара, Мартин се пошегувал:

– Значи, ако не сте си ја средиле шминката, сега е време.

Тој продолжил со таканаречената „кис кем“ динамика, но овој пат многу повнимателно.

– Дали сте пар? Дали сте легитимен пар? – прашал шеговито, но и очигледно „трауматизиран“ од претходниот инцидент.

Фронтменот на Колдплеј нервозно се шегувал додека камерите прикажувале нов пар, кој првично не реагирал, објави Метро ворлд њуз.

– Дали зборуваат англиски? Дали зборуваат шпански? Во ред, ќе ризикувам – додал со смеа, обидувајќи се да избегне уште еден вирален пресврт.

По неколку секунди комична тензија, парот конечно се бакнал, што предизвикало аплауз од цел стадион. На социјалните мрежи следуваа коментари: „Веќе го трауматизираа Крис Мартин“, „Сиротиот Крис, сега ќе се сомнева во сите“, „Крис засекогаш ќе се плаши“, „Колку прељубници ќе открие Крис?“

Ова доаѓа по концертот од претходната недела, кога камерата за време на „Џамботрон сонг“ фати маж и жена како се прегрнуваат. Двајцата веднаш се одделија и се обидоа да си ги сокријат лицата кога сфатија дека се прикажани на огромниот екран во арената.

– Опа, погледнете ги овие двајца. Или имаат афера, или се само многу срамежливи – рече Мартин во тој момент.

Онлајн „детективите“ бргу ги идентификуваа како извршниот директор на технолошката компанија „Астрономер“, Енди Бајрон, и Кристин Кабот, директорка за човечки ресурси во истата фирма.

Бајрон поденел оставка

Во саботата, компанијата објави дека Бајрон поднел оставка. За привремен извршен директор е назначен ко-основачот и директор за производ на „Астрономер“, Пит Деџој.

СКАНДАЛОТ СО ПРЕЉУБАТА ГО СРУШИ ДИРЕКТОРОТ НА „АСТРОНОМЕР“ Си поднесе оставка, компанијата го обвини дека не бил пример за лидер

„Нашите лидери треба да бидат пример за однесување и за одговорност“, стои во претходното соопштение на компанијата.

Колдплеј сѐ уште нема издадено официјално соопштение за инцидентот, но интернетот е преплавен со мимови и хумористични видеа за моментот кој стана вирален.

📷 СКАНДАЛОТ СО КИС КАМЕРАТА НЕПРЕСУШНА ИНСПИРАЦИЈА Јака журка на социјалните мрежи

 

Поврзани содржини