ЗАГИНА МОТОЦИКЛИСТ НА АВТОПАТОТ ТАБАНОВЦЕ-КУМАНОВО Излетал од коловозот откако изгубил контрола врз возилото
Несреќата се случила околу 02:10 часот, кога моторциклистот В.С., управувајќи мотоцикл од марката „хонда“ со кумановски регистарски таблички, излетал од коловозот.
Маж на возраст од 34 години од селото Лопате трагично го загубил животот ноќеска, во неделата, во сообраќајна несреќа на автопатот Табановце–Куманово.
Како што информираше СВР Куманово, несреќата се случила околу 02:10 часот, кога моторциклистот В.С., управувајќи мотоцикл од марката „хонда“ со кумановски регистарски таблички, излетал од коловозот.
Од здобиените повреди починал на самото место, а смртта ја констатирал лекар од Итната медицинска помош.