СЕ ВРАБОТУВААТ НАД 950 ЛЕКАРИ, БОЛНИЧАРИ, СЕСТРИ И ПСИХОЛОЗИ Алиу најавува кадровско засилување низ целата држава

Министерството за здравство соопшти дека јакнењето на човечките ресурси е клучен елемент од новиот пристап за реформирање на здравствениот систем, кој го застапува министерот за здравство, Ази Алиу. Од таму нагласуваат дека здравството не може да опстои без професионалците кои секојдневно го движат неговото функционирање, поради што фокусот останува на создавање стабилен и ефикасен систем преку вложување во кадарот што го сочинува неговиот темел.

1,726

Министерството за здравство информира дека од именувањето на министерот Азир Алиу на 9 јуни, започнал интензивен процес за засилување на здравствениот кадар низ целата држава. Во изминатиот месец се реализирани или се при крај над 950 нови вработувања во јавните здравствени установи, вклучувајќи лекари, медицински сестри, лаборанти, болничари, техничари, психолози, социјални работници, хигиеничари и друг неопходен персонал.

Од Министерството најавуваат дека процесот ќе продолжи и во наредниот период, со нови постапки за вработување во повеќе јавни установи низ државата.






„Зајакнувањето на човечките ресурси е суштински дел од новата стратегија за унапредување на здравствениот систем што ја промовира министерот Алиу. Здравството не може да функционира без посветениот кадар што секојдневно го одржува во живот. Затоа, Министерството останува фокусирано на создавање стабилен и ефикасен систем преку инвестирање во луѓето, кои претставуваат негова основа“, соопшти Министерството за здравство.

Поврзани содржини