📷 ГОЛЕМ МЕТЕЖ НА ГРАНИЧНИОТ ПРЕМИН БОГОРОДИЦА – ЕВЗОНИ Се чека најмалку 180 минути за влез во Грција
Во саботата утрото околу 10 часот по македонско време задржувањето беше околу 180 минути, но се очекува ситуацијата да се влоши во пладневните часови.
Многубројни туристи кои утрово влегуваат од Македонија во Грција објавуваат снимки на социјалните мрежи и пренесуваат за голем метеж на граничниот премин Богородица – Евзони.
Во саботата утрото околу 10 часот по македонско време задржувањето беше околу 180 минути, но се очекува ситуацијата да се влоши во пладневните часови.
Патниците се советуваат да се „наоружаат“ со многу течности и уште повеќе трпение.
Според јавувања на патници, застојот е на грчката страна од границата, каде што големата колона возила одвај се поместува.