ЗАГИНА 16-ГОДИШНИК, СОПАТНИКОТ ТЕШКО ПОВРЕДЕН Со мотор удрил во метален столб кај Рача во Охридско

Несреќата се случила рано изутринава во 1.40 часот, кога на потегот меѓу населбата Рача и стариот влез за хотелот Парк, мопед управуван од 16-годишник од Охрид, излетал од коловозот и удрил во метален столб, соопшти охридската полиција.

623

Загина малолетник во тешка сообраќајна несреќа што рано изутринава се случи на регионалниот пат Охрид-Свети Наум, во близина на населбата Рача, информира охридската полиција. Шеснаесет годишно момче со мотор удрило во метален столб и починало во болница, а сопатникот, исто на возраст од 16 години е тешко повреден.

„Несреќата се случила рано изутринава во 1.40 часот, кога на потегот меѓу населбата Рача и стариот влез за хотелот Парк, мопед управуван од 16-годишник од Охрид, излетал од коловозот и удрил во метален столб. Притоа малолетникот се здобил со тешки телесни повреди. Со возило на Службата за итна медицинска помош бил пренесен во Општата болница во Охрид, каде им подлегнал на повредите. Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил и сопатникот, исто така 16-годишник од Охрид, кој е префрлен во Специјалната болница за ортопедија и трауматологија Сверти Еразмо во Охрид“, соопшти охридската полиција.






По овластување на јавен обвинител, увид на местото на несреќата извршила екипа на СВР Охрид.

Поврзани содржини