27% ОД ЕВРОПЕЈЦИТЕ НЕ МОЖАТ ДА СИ ДОЗВОЛАТ ЕДНОНЕДЕЛЕН ОДМОР Еве каде најголем број од луѓето не можат да одат на одмор
Овој удел се намалил за 1,5 процентни поени во споредба со 2023 година и е значително помал (за 10,6 процентни поени) отколку пред една деценија, во 2014 година.
Лани 27,0% од населението на ЕУ на возраст од 16 години или повеќе не можеле да си дозволат 1 недела годишен одмор далеку од дома, покажуваат податоците на Евростат.
Овој удел се намалил за 1,5 процентни поени во споредба со 2023 година и е значително помал (за 10,6 процентни поени) отколку пред една деценија, во 2014 година.
Највисок процент на луѓе кои не можат да си дозволат еднонеделен годишен одмор е забележан во Романија (58,6%), Грција (46,0%) и Бугарија (41,4%).
Спротивно на тоа, 8,9% од луѓето во Луксембург, 11,6% во Шведска и 13,0% во Холандија изјавиле дека не можат да си дозволат еднонеделен одмор далеку од дома во 2024 година.
