ЗА ЕДНА ГОДИНА ИЗГРАДЕНИ 6 ЗНАЧАЈНИ ПАТИШТА Македонија се развива по 7-годишна стагнација

Пуштен е во употреба дел од автопатот Кичево-Охрид, делницата Пресека-Песочани, какои делниците Градско-Фариш, Фариш-Дреново, Страцин-Крива Паланка, Гевгелија-Валандово, Охрид-Свети Наум, соопшти ВМРО-ДПМНЕ .

436

По 7 годишна стагнација, Македонија почна да развива, модернизира и трансформира, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

За период од една година, Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ покажа како со посветена и чесна работа се градат темелите и државата инфраструктурно се транформира и модернизира. Се започнаа и се завршуваат големи инфраструктурни проекти, се вели во соопштението.






„Пуштен е во употреба дел од автопатот Кичево-Охрид. Делницата Пресека-Песочани ќе се вози по нов автопат. По години на застој, Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ успеа да го откочи еден од најголемите и најзаглавените инфраструктурни проекти. Ова ќе значи и повеќе туристи, повеќе работни места, а автопатот ќе го позиционира Охрид како попривлечна и постабилна дестинација за туристи“, соопшти партијата.

Ова е 6. делница која што е пуштена во употреба. Пуштени се во употреба и делниците Градско-Фариш, Фариш-Дреново, Страцин-Крива Паланка, Гевгелија-Валандово и Охрид-Свети Наум, се додава во соопштението.

„Се пушти во употреба дел од експресниот пат Градско-Прилеп, на потегот Градско-Дреново, вреден 37,4 милиони евра. Експресниот пат Дреново- Фариш, кој значително го скратува патувањето и го зголемува квалитетот на сообраќајната безбедност. Експресниот пат Ранковце- Крива Паланка (потег Страцин), во должина од 26 километри и вредност од речиси 98 милиони евра. Целосно се реконструира регионалниот пат Охрид-Свети Наум, во должина од 25 километри, вреден 12 милиони евра. Со упорност, посветеност и заедничка работа, Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ продолжува да ги реализира и најкомплексните проекти“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

Поврзани содржини