ВО КРИВИЧНИОТ СУД РАБОТЕЛЕ ПРЕКУ ВИКЕНД ЗА ДА ГИ ИЗГОТВАТ ПОТВРДИТЕ ЗА НЕОСУДУВАНОСТ Аплицирајте онлајн за тие документи, апелира Кривичниот суд
В.д. претседателката Даниела Димовска изразува огромна благодарност до судската администрација која работеше во текот на викендот, за да може судот да ја овозможи оваа услуга на граѓаните, за која се чекаше подолг период, поради зголемениот број на барања, соопштени Кривичниот суд.
Основниот кривичен суд Скопје ги известува граѓаните кои поднеле барање за издавање потврда или уверение од казнената или од кривичната евиденција, како и барање за уверение за забрана за вршење професија/дејност, заклучно со петок, 11 јули 2025 година, дека потврдите се изготвени и можат да си ги подигнат.
„В.д. претседателката Даниела Димовска изразува огромна благодарност до судската администрација која работеше во текот на викендот, за да може судот да ја овозможи оваа услуга на граѓаните, за која се чекаше подолг период, поради зголемениот број на барања“, се вели во соопштението од Кривичниот суд.
Судот, уште еднаш апелира до сите граѓани да ја користат електронската апликација за издавање на овие документи, преку порталот uslugi.gov.mk. На овој начин потврдите се добиваат за еден ден.