ПАЛЕЛЕ КАБЛИ И СУВА ТРЕВА, ПА ЗАВРШИЈА ВО АПС Полицијата уапси малолетник, маж и жена

Полицијата уапси три лица, во поединечни случаи, кои палеле оган. Маж и малолетник во Скопје палеле кабли, а жена во Дебарско запалила сува трева.

149

Полицијата уапси три лица, во поединечни случаи, кои палеле оган. Маж и малолетник во Скопје палеле кабли, а жена во Дебарско запалила сува трева.

„Денеска, 12.7.2025 година во 00.05 часот во Скопје на подрачјето на Карпош полициски службеници од СВР Скопје лишиле од слобода 15-годишник од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело Предизвикување на општа опасност, по член 288 од Кривичниот законик. Тој бил затекнат од страна на полициски службеници во кругот на фирма на улицата Скупи, каде запалил оган и горел кабли. Пожарот е изгаснат од Бригадата за противпожарна заштита, а со малолетникот е извршен службен разговор, во присуство на неговата маќеа и адвокат. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок“, соопшти полицијата.






Вчера во 16.10 часот на улицата „Лазар Личеновски“ во Скопје полициски службеници го лишиле од слобода И.К.(44) од Скопје, информираше полицијата.

„При преглед кај него биле пронајдени запалка, најлонска вреќа во која имало запалени кабли, метални и бакарни предмети. Се преземаат мерки за расчистување на случајот, по што ќе следи соодветен поднесок“, се вели во соопштението.

Денеска во 9.50ч. во с. Долно Косоврасти, дебарско полициски службеници ја лишиле од слобода А.Х. (43) бидејќи предизвикала пожар на сува трева. Пожарот е изгаснат во 10.10 часот од Територијалната противпожарна единица.

Поврзани содржини