„ЕКСДИРЕКТОРОТ ВАСЕВ СЕ ЛОГИРАЛ КАЈ СИТЕ ЛЕКАРИ НА ОНКОЛОГИЈА, А ОБВИНЕТИ СЕ САМО ТРОЈЦА“ Обвинителството е селективно, треба да се истражи злоупотребата, вели Страшевски
Во врска со вештачењето од Словенија за лекувањето на пациентите на Онкологија, кое не е изработено од лиценциран вештак, Страшевски рече дека тоа е во спротивност со македонските закони и прописи, а тврдењето на Јавното обвинителство дека некој не мора да биде лиценциран вештак, а да вештачи предмет е неодговорно.
Второобвинетата лекарка Мери Пешевска денеска не дојде на судењето од здравствени причини, има стомачен вирус со температура и со повраќање, а јас ветив пред Судот дека редовно ќе доаѓаме на останатите рочишта, исто како што и досега редовно сме се јавувале во Обвинителството, рече денеска адвокатот Јовица Страшевски по првото рочиште во Кривичниот суд за предметот „Онкологија“, во кој се обвинети ексдиректорот и тројца онколози.
Во врска со вештачењето од Словенија за лекувањето на пациентите, кое не е изработено од лиценциран вештак, Страшевски рече дека тоа е во спротивност со македонските закони и прописи.
– Тврдењето на Јавното обвинителство дека некој не мора да биде лиценциран вештак, а да вештачи предмет, е навистина неодговорно. Законски не е дозволено тоа во нашата држава. Тоа вештачење има низа пропусти, а самиот лекар што вештачел ги немал сите податоци за пациентите. Другите вештачења, не сме ги виделе, денеска ни ги достави Обвинителството и треба да видиме што содржат. Можам да потврдам за второобвинетата, за Мери Пешевска, дека во текот на целиот распит и како осомничена и како обвинета доставивме стотици страници на протоколи, извештаи и дел вештачења за одредени паценти, за тоа зошто се давани одредени лекови или како тоа се дозирало. Нејасно ми е зошто Обвинителството има поднесено обвинение за мојот клиент, бидејќи, од сите работи кои ги доставивме не произлегува ниеден доказ дека второобвинетата Мери има направено пропусти, односно несовесно лекување – рече Страшевски.
Тој додаде дека првообвинетиот, ексдиректорот на Клиниката за онкологија, Нино Васев се логирал на логовите на сите лекари во клиниката, а само тројца се обвинети, што покажува дека Обвинителството е слективно.
– Поранешниот директор Васев, не само од Мери, користел и логови, односно се логирал од разчини доктори, ставал негови печати на сите доктори и нејасно е зошто од целата клиника се одбрани само тројца лекари против кои е подигнато обвинение. Истата постапка тврдам дека е за сите вработени, на сите лекари директорот им ја правел истата процедура. Селективно се одбрани тројцата лекари, а за ниеден нема основи за обвинение за несовесно лекување. Нивниот печат и лог во системот се злоупотебени, а тоа требало да биде предмет на друга истрага. ЈО требало да ја отвори, за да утврди како е дозовелно тоа да се врши преку информатичкиот систем, а не да ги товари лекарите за несовесно лекување – вели Страшевски.