СКОПЈАНЕЦ ЈА ОДНЕЛ ЌЕРКАТА ДЕТЕ ДА ПИТАЧИ ВО ДЕБАР Уапсен 30-годишен жител на Шуто Оризари

Малолетничката била затекната од полицијата додека питачела на улица, случајот го преземаат обвинителството и социјалните служби.

1,741

30-годишен маж од скопската населба Шуто Оризари е приведен во Дебар под сомнение дека ја присилувал својата малолетна ќерка да питачи на улица, информира Министерството за внатрешни работи.

Според пријавата, тој бил лишен од слобода на 10 јули околу 20:40 часот во близина на улицата Елена Ѓика во Дебар, каде бил затекнат заедно со неговата ќерка како врши питачење.






„Лицето С.Р. (30) е приведено поради основано сомнение дека сторил кривично дело ‘Запуштање и малтретирање дете’, со тоа што ја принудил својата малолетна ќерка да моли за пари на јавна површина“, информираат од МВР.

Настанот веднаш бил пријавен до надлежниот јавен обвинител и до Центарот за социјални работи во Дебар, кои преземаат понатамошни дејствија за заштита на детето и процесуирање на случајот.

По целосно документирање на настанот, против С.Р. ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.

 

Поврзани содржини