ПАДНАЛ ВО БЕЗСОЗНАНИЕ ОТКАКО СЛУШНАЛ СИЛЕН ЗВУК Земјоделец од Прилеп се разбудил покрај паднат далековод

Несреќата се случила во атарот на селото Горно Садово, надлежните испитуваат дали струен удар е причина за бесознанието на 70-годишниот земјоделец.

2,050

Прилепчанец на возраст од 70 години заврши во болница по несреќен случај што се случил додека изведувал земјоделски работи во близина на патот Прилеп – Битола.

Како што информираат од полицијата, настанот бил пријавен на 10 јули 2025 година околу 19:00 часот во ОВР Прилеп. Настанот се случил во месноста „Горно Садово“, кога М.В. од Прилеп слушнал силен звук, по што паднал во безсознание. Откако се освестил, забележал дека во близина има паднат далековод.






„По пријавата, веднаш интервенирала Итната медицинска помош и оштетениот бил пренесен во Градската болница во Прилеп за укажување на лекарска помош“, информираат од МВР.

Засега не е познато дали струен удар или друг механички фактор го предизвикал бесознанието на земјоделецот, но надлежните најавуваат увид и дополнително утврдување на причините. Полицијата го документира случајот.

Поврзани содржини