ТРАГЕДИЈА КАЈ ОХРИДСКИОТ АЕРОДРОМ Едно лице загина, неколку повредени во страшна сообраќајка
Судир на две возила во близина на аеродромот, полицијата изврши увид за да ги утврди причините за трагедијата.
Вчера на магистралниот пат Охрид – Кичево, во близина на охридскиот аеродром, се случи тешка сообраќајна несреќа во која едно лице го загуби животот, а има и неколку повредени.
Според првичните информации, до несреќата дошло при директен судир меѓу две патнички возила, кој предизвикал сериозни последици и блокада на сообраќајот на овој дел од патот.
Веднаш по пријавата, на местото на трагедијата интервенирале екипи на Итната медицинска помош, Територијалната противпожарна единица од Охрид и сообраќајната полиција.
„На лице место беа испратени сите надлежни служби, брза помош, пожарна и полиција и веднаш се започна со спасувачка и истражна акција“, информираат од полицијата.
Извршен е увид за да се утврдат причините и околностите под кои дошло до несреќата. Повеќе детали за идентитетот на жртвата и бројот на повредените се очекуваат во текот на денот.