СКОПЈАНЕЦ ЖИВЕЕЛ ВО СТРАВ ЦЕЛИ ДЕВЕТ МЕСЕЦИ Маж пријавил тепања и закани од страна на поранешната партнерка

Жртвата тврди дека неговата поранешна вонбрачна партнерка го напаѓала повеќе пати и му упатувала сериозни закани, случајот е пријавен во полиција и се работи на негово расчистување.

922

Скопјанец на 43-годишна возраст пријавил во полиција дека веќе девет месеци е жртва на постојани напади и закани од неговата поранешна вонбрачна партнерка. Според изјавата поднесена во СВР Скопје на 8 јули 2025 година, жената со иницијали З.С. (47) во повеќе наврати го вознемирувала и го напаѓала физички и психички, почнувајќи од октомври 2024 година па сè до денот на пријавата.

„На 08.07.2025 во 17.00 часот во СВР Скопје, 43-годишен маж од Скопје пријавил дека во временскиот период од месец октомври 2024 до 08.07.2025, неколку пати бил нападнат од неговата поранешна вонбрачна партнерка З.С.(47), која му упатувала и закани. Се преземаат мерки за расчистување на случајот“, соопштија од Министерството за внатрешни работи.






Од полицијата велат дека работат на целосно расчистување на случајот, а можно е против жената да бидат поднесени соодветни кривични пријави, доколку се утврди насилно и заканувачко однесување.

Поврзани содржини