МУ НАШЛЕ КРВ ВО АЛКОХОЛОТ ОТКАКО СЕ СУДРИЛ ВО АЕРОДРОМ Возел со 3,08 промили, што уште да се каже?

Во судирот најтешко поминал токму И.К., кој се здобил со тешки телесни повреди и е хоспитализиран. Со полесни повреди се здобиле и 23-годишниот Ф.К. и неговиот сопатник, 19-годишниот П.Б. од Скопје.

2,590

Сериозна сообраќајна несреќа се случи во неделата попладне во Скопје, кога 60-годишнен скопјанец во алкохолизирана состојба со над 3 промили алкохол изгубил контрола над возилото и се судрил со друго патничко возило.

Според информациите од Министерството за внатрешни работи, на 6 јули 2025 година, околу 16:00 часот, на крстосницата меѓу булеварите Србија, Трета Македонска бригада и 12 Македонска бригада, се случил судир помеѓу два автомобила – „цитроен“ управуван од 60-годишниот И.К. од Скопје и „опел антара“ со кој управувал 23-годишниот Ф.К., исто така од Скопје.






Во судирот најтешко поминал токму И.К., кој се здобил со тешки телесни повреди и е хоспитализиран. Со полесни повреди се здобиле и Ф.К. и неговиот сопатник, 19-годишниот П.Б. од Скопје. Повредените биле пренесени во Градската општа болница „Св. Наум Охридски“ и во Комплексот клиники „Мајка Тереза“.

По извршен увид од страна на екипа од СВР Скопје и по наредба на јавен обвинител, во 18:30 часот И.К. бил лишен од слобода. Медицинските испитувања покажале дека тој возел со 3,08 промили алкохол во крвта – концентрација која далеку ја надминува дозволената граница и укажува на сериозна алкохолизирана состојба.

Од Министерството информираат дека против И.К. ќе биде поднесена кривична пријава за предизвикување сообраќајна несреќа под дејство на алкохол.

Поврзани содржини