🎥 ГО ПОТВРДИЈА РАСКИНУВАЊЕТО НА ДЕВЕТГОДИШНАТА ВРСКА Кети Пери скршена се расплака среде концерт поради Орландо Блум

Американската пејачка Кети Пери веќе извесно време е во Австралија, а причината е музичката турнеја „Лајфтајмс“ (Lifetimes), која враќа спомени од славните денови на омилената пејачка.

1,130

Американската пејачка Кети Пери веќе извесно време е во Австралија, а причината е музичката турнеја „Лајфтајмс“ (Lifetimes), која враќа спомени од славните денови на омилената пејачка.

Додека пееше пред многубројната публика и под силните светла на рефлекторите, емотивниот слом на Кети се случи одеднаш.






Пред да го испее својот голем хит „Firework“, која зборува за самодовербата и личната сила, Кети не можеше повеќе да се воздржи и се расплака.

Сепак, таа успеа да им се заблагодари на сите што „секогаш беа тука за неа“, дури и во тешките денови, низ солзи.

„Ви благодарам што секогаш сте тука за мене, Австралија. Тоа ми значи сè на светот.“

 


Овој емотивен момент беше забележан од многу обожаватели и објавен на социјалните мрежи, а пораки за поддршка за пејачката се појавија на социјалната мрежа Икс.

Инакѕ, настапот доаѓа само неколку недели по веста дека нејзиниот долгогодишен партнер, актерот Орландо Блум (48), и таа ја раскинале свршувачката по речиси 10 години, а денеска и нивните претставници потврдија дека пејачката и актерот раскинале и дека ќе се фокусираат на заедничкото одгледување на нивната четиригодишна ќерка Дејзи.

Актерот неодамна беше фотографиран во Венеција, беше гостин на тридневната гламурозна венчавка на Џеф Безос и Лорен Санчез.

 

Поврзани содржини