КАНДИДАТИТЕ НА СДСМ НЕ СЕ РЕФОРМИРАНИ, ТУКУ РЕЦИКЛИРАНИ Филипче пак покажа дека заевизмот ја води партијата, реагира ВМРО-ДПМНЕ
Јавноста повторно е сведок на истите шеми на СДСМ. Кандидатите кои СДСМ ги нуди за претстојните локални избори не се ништо друго освен жив доказ дека заевизмот и понатаму е наративот по кој Филипче ја води партијата, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.
СДСМ повторно демонстрира неспособност да понуди нешто ново. Со месеци наназад зборуваа за некоја реформација и за нови лица. Кои се и каде се тие нови лица? Филипче откако ја презеде партијата се обидува да наметне некој наратив за реформирање, а сега во прва прилика кога треба да го оправда тоа што го зборуваше, тој повторно нуди имиња на познати стари ликови. Или по логиката на СДСМ овие ликови би биле нереформирани, реагираше ВМРО-ДПМНЕ преку соопштение.
„Јавноста повторно е сведок на истите шеми на СДСМ. Кандидатите кои СДСМ ги нуди за претстојните локални избори не се ништо друго освен жив доказ дека заевизмот и понатаму е наративот по кој Филипче ја води партијата. Изборот на кандидати е најјасната порака што една партија ја испраќа до граѓаните. СДСМ во овој случај испраќа порака дека прво не е реформирана партија, што значи дека повторно ги лаже граѓаните. И второ, дека овие кадри се истите оние од претходно, кадри кои се познати низ општините по скандали и уништен углед. Кандидатите на Филипче, или на тандемот Филипче-Заев се луѓе кои ги претстаавуваат најлошите практики на локално ниво. Од нив не се очекува никаков развој, ниту пак може да има некаков бенефит за граѓаните. Од нив се очекува послушност. За какви интелектуалци зборуваше Филипче? За интелектуалци врзани за СДСМ како приврзоци базирани на лична лојалност наместо компетентост, или интелектуалци кои ќе ги користат институциите за партиски цели. СДСМ само покажува дека ја продолжува истата политика што граѓаните одамна ја отфрлија“, реагираше ВМРО-ДПМНЕ.
А тоа што Филипче сега е играч во кампањата, посочено е во реакцијата, Филипче кој е симбол на здравствениот хаос и сомнителните тендери, тоа само покажува дека СДСМ не се реформира туку се рециклира.
„Со вакви луѓе, СДСМ не тргнува на избори, тргнува во уште еден директен, сигурен пораз. Граѓаните веќе ги препознаваат ваквите структури на СДСМ, криминални мрежи маскирани во социјалдемократи“, наведено е во реакцијата.