🎥 КОСОВСКИ АДВОКАТ ДОНЕСЕ 4 МАГАРИЊА ПРЕД СОБРАНИЕТО Сакал сликовито да прикаже кој ја води државата

Овие животни ги доведов како симболика. За да се види кој, всушност, ја води оваа држава. Или подобро речено, како тие што седат внатре нè третираат нас, граѓаните — како магариња - објасни Кочи со еден вид кисела насмевка, додавајќи и извинување до самите магариња што морале да го трпат сето тоа.

2,772

Пред косовскиот парламент и овојпат сцената не можеше да мине без изненадувања. Се собраа пратеници да пробаат, по 41-ви пат, да го конституираат Собранието — и повторно не им успеа. Но славата ја украде адвокатот Арианит Кочи, кој одлучи да ја изнесе својата фрустрација на прилично необичен начин.

Четири магариња — да, вистински магариња — беа доведени право пред портите на Собранието.






– Овие животни ги доведов како симболика. За да се види кој, всушност, ја води оваа држава. Или подобро речено, како тие што седат внатре нè третираат нас, граѓаните — како магариња – објасни Кочи со еден вид кисела насмевка, додавајќи и извинување до самите магариња што морале да го трпат сето тоа.

Кочи директно го посочи премиерот Албин Курти како главен виновник за политичката мизерија во која се наоѓа Косово. Но не ги поштеди ниту другите партии — ПДК, ЛДК, ААК и Нисма — кои според него се однесуваат „како кукавици што бегаат од одговорност наместо да помогнат да се излезе од ќорсокакот“.

– Не сакам да бидам човек што ќе ги распламти поделбите уште повеќе. Напротив, сакам да се најде некоја заедничка нишка. Но не можам да молчам кога гледам што се случува – додаде адвокатот.

Најмногу, сепак, го зачуди интересот на полицијата.

– Чудно ми е што толку се загрижени за овие четири магариња надвор, а не се грижат ни малку за магарињата што седат внатре во парламентот – се пошегува Кочи.

Следната рунда, односно новата конститутивна седница, е веќе закажана за 5 јули. Дали конечно ќе има успех?

Поврзани содржини