ПРОНАЈДЕНА МРТВА ВО СТАНОТ Порно-ѕвездата Кајли Пејџ почина на 28 години

Познатата порно-ѕвезда Кајли Пејџ почина на 28-годишна возраст, а причината за смртта сè уште е непозната за јавноста, пишува „Дејли мејл“.

438

Познатата порно-ѕвезда Кајли Пејџ почина на 28-годишна возраст, а причината за смртта сè уште е непозната за јавноста, пишува „Дејли мејл“.

Ѕвездата на филмовите за возрасни е пронајдена мртва, додека ожалостените обожаватели се простуваат од неа.






Кајли починала во Лос Анџелес, а во текот на својата кариера, која ја започнала во 2016 година, снимила повеќе од 200 еротски филмови за компании како што се „Виксен медиа груп“ и „Брејзерс“.

Таа претходно отворено зборуваше за своите борби со зависноста.

Сајтот на кој се наоѓаат содржини за возрасни „Брејзерс“ ја потврди веста за нејзината смрт и упати топли зборови.

– Кајли ќе биде запаметена по своето смеење, љубезност и носење светлина каде и да одеше.

Многу нејзини пријатели, обожаватели и колеги се збогуваат со Кајли, а нејзината колешка Леа Готи изјави за АВН:

– Таа едноставно сакаше да се смее, да се смее и навистина го ценеше живеењето до максимум и слободата колку што е можно повеќе.

Кајли и Леа започнала во истата куќа за модели кога имале по 18 години, пред да се префрлат во индустријата за филмови за возрасни.

 

Поврзани содржини