📷 „ОЧАЈНАТА ДОМАЌИНКА“ ЈА ПРОПУШТИ СВАДБАТА НА ВЕКОТ Сега е јасно зошто Ева Лонгорија не се појави на венчавката на својата пријателка Лорен Санчез 

Венчавката на векот на милијардерот Џеф Безос и поранешната новинарка Лорен Санчез заврши, но тоа не значи дека пишувањето за двојката престана.

1,637

Венчавката на векот на милијардерот Џеф Безос и поранешната новинарка Лорен Санчез заврши, но тоа не значи дека пишувањето за двојката престана.

Џеф Безос и Лорен Санчез конечно се венчаа во Венеција, и покрај големото противење од локалното население.






Безос успеа да го пресели речиси целиот Холивуд во Венеција, а тоа значеше вистинска парада на инспиративни модни изданија.

Ѕвездата на серијата „Очајни домаќинки“ Ева Лонгорија ја пропушти Венеција и ја пропушти свадбата на својата пријателка Лорен Санчез, иако беше на нејзината моминска забава.

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Eva Longoria Baston (@evalongoria)


Наместо тоа, Ева беше со своето семејство во Марбеља, каде што инаку има куќа. Актерката уште порано ја опиша Марбеља како своја оаза, па затоа не е изненадувачки што и овој пат го избрала тоа место за одмор.

 


Како што објавија странските медиуми, Ева имала и деловни обврски поради кои не можела да стигне и до Венеција. Како што се наведува, таа во моментот работи на продукцијата на серијата „Ева Лонгорија: Барајќи ја Шпанија“ (Eva Longoria: Searching For Spain).

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by CNN Original Series (@cnnorigseries)


Бајковитата свадба заврши по три дена, а во тој период имавме можност да ја видиме Лорен Санчез во бројни модни изданија кои им се допаднаа на многумина, додека со својата венчаница особено го воодушеви целиот свет.

Поврзани содржини