📽 БОМБИ ВРЗ ЛИБАН, ИЗРАЕЛ УДРИ ПО ХЕЗБОЛАХ Има загинати и повредени, Бејрут го обвини Израел дека го прекршува примирјето

Еден од ударите на Израел погодил станбен објект во близина на градот Набатија, при што една жена загинала, 11 лица биле повредени, а горниот кат на зградата бил срушен, според државната новинска агенција на Либан.

685

Израелската воздухопловна армија изведе интензивни воздушни напади врз планините над јужниот либански град во петокот, во операција која, според Израелската војска, била насочена кон подземни објекти на милитантната група Хезболах, објави Еј-Би-Си њуз.

Веднаш потоа, уште еден удар погодил станбен објект во близина на градот Набатија, при што една жена загинала, 11 лица биле повредени, а горниот кат на зградата бил срушен, според државната новинска агенција на Либан.






Сè уште не е јасно дали тој напад бил насочен кон некое конкретно лице во зградата.

Откако 14‑месечната војна меѓу Израел и Хезболах заврши со привремен прекин на огнот, посредуван од САД во ноември, Израел повторно секојдневно врши воздушни напади врз јужен Либан. Нападите од петокот биле поинтензивни од вообичаените.

– Ние не се менуваме, без разлика колку ќе нѐ бомбардирате со вашите борбени авиони и дронови – изјавил шиитскиот свештеник од Набатија, Хасан Гандур.

Претседателот и премиерот на Либан ги осудија израелските напади врз јужниот дел на земјата, велејќи дека тие го прекршуваат договорот за прекин на огнот.

Воздушните напади врз планините над Набатија се случиле во 2 фази, при што биле употребени бункерштер бомби, објави државната новинска агенција ННА. Според ННА, 4 лица биле лесно повредени надвор од градот.

Израелската војска посочи во официјална изјава дека нејзините борбени авиони погодиле објект што го користела групата Хезболах за управување со својот оган и одбранбен систем во тој регион и дека станува збор за значаен подземен проект кој бил целосно исклучен од употреба.

Во соопштението, армијата наведе дека претходно забележала обиди за рехабилитација од страна на Хезболах и ги гаѓала инфраструктурните објекти во тој регион.

Одговор од Хезболах нема.

Поврзани содржини