СКОПСКИ ИНСПЕКТОР ДОБИЛ ЗАКАНИ НА ТЕРЕН Службеникот бил нападнат откако открил нелегален водоводен приклучок

Инспекторот Ф.Р. посочил дека додека вршел контрола на терен и открил незаконски приклучок, 34-годишниот Б.А. од Скопје му упатувал закани на улица Цветан Димов.

682

Инспектор во град Скопје бил вербално нападнат и добил закани откако открил нелегален приклучок на водоводна мрежа на улицата Цветан Димов во Скопје, информира Министерството за внатрешни работи.

Според пријавата поднесена на 22 јуни, во 11:30 часот во СВР Скопје, инспекторот Ф.Р. посочил дека додека вршел контрола на терен и открил незаконски приклучок, 34-годишниот Б.А. од Скопје му упатувал закани.






Полицијата работи на целосно расчистување на случајот и на утврдување на евентуална кривична одговорност.

Поврзани содржини