ШЕИКОТ ОД КАТАР ИЗДЕЈСТВУВАЛ ИРАН ДА СЕ СОГЛАСИ НА ПРИМИРЈЕ Трамп побарал помош од катарскиот премиер

Доналд Трамп објави дека Израел и Иран ќе постигнат целосно и тотално примирје, кое во следните дваесет часа ќе се претвори во целосен крај на војната.

353

Катарскиот премиер, шеикот Мохамед бин Абдулрахман Ал Тани, го обезбеди договорот на Техеран за предлогот на САД за прекин на огнот во конфликтот меѓу Израел и Иран за време на разговорите со иранските претставници, изјави за Ројтерс функционер запознаен со разговорите.

Разговорите се одржаа по вчерашните ирански напади врз американската воена база во Катар, изјави извор на британската агенција.






Телефонскиот повик се случи откако американскиот претседател Доналд Трамп му соопшти на катарскиот премиер дека Израел се согласил на прекин на огнот и побарал помош од Доха да го убеди Техеран исто така да се согласи на договор за прекин на огнот, рече функционерот.

Американскиот претседател Доналд Трамп рано утрово објави дека е постигнат договор за прекин на огнот и дека војната меѓу Израел и Иран е завршена, но по тоа двете страни испукаа нови ракети.

Доналд Трамп објави дека Израел и Иран ќе постигнат целосно и тотално примирје, кое во следните дваесет часа ќе се претвори во целосен крај на војната.

Шефот на иранската дипломатија, Абас Арагчи, по објавата на Трамп изјави дека нема „договор“ за никаков прекин на огнот меѓу Израел и Иран, но додаде дека ако Израел ја запре својата „нелегална агресија“ против иранскиот народ најдоцна до 4 часот наутро денес по техеранско време, Иран нема намера да продолжи со својот одговор потоа.

Поврзани содржини