ИЗРАЕЛЦИТЕ ОТВОРИЛЕ ОГАН ВРЗ СТОТИЦИ ПАЛЕСТИНЦИ КОИ ЧЕКАЛЕ ПОМОШ ВО ГАЗА „Тоа беше масакр – пукаа врз нас дури и додека бегавме“
Болницата „Авда“ од бегалскиот камп Нусеират информираше дека Палестинците се собрале на патот Салах ал-Дин, јужно од Вади Газа, чекајќи камиони со хуманитарна помош. Според сведоци, израелските сили отвориле оган во моментот кога луѓето се приближувале до камионите.
Израелските вооружени сили и беспилотни летала рано утрово отворија оган врз стотици Палестинци кои ги чекаа камионите со помош во Газа, при што загинаа најмалку 25 лица, а беа повредени 146, соопштија сведоци и болници.
Болницата Авда во бегалскиот камп Нусеират соопшти дека Палестинците чекале камиони на патот Салах ал-Дин, јужно од Вади Газа. Сведоците рекоа дека израелските сили отвориле оган додека луѓето оделе за да пријдат до камионите што се приближувале.
– Тоа беше масакр – рече очевидецот Ахмед Халава.
Тој рече дека тенковите и беспилотните летала пукале врз луѓето, „дури и додека ние бегавме. Многу луѓе беа или убиени или ранети“.
Израелската војска не коментираше за најновиот инцидент.