ВОЗЕЛ ПИЈАН СО 1,81 ПРОМИЛИ Уапсен маж кај Крушево, немал ни возачка дозвола

Полицијата исклучи возач од сообраќај на патот Крушево–Прилеп, против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.

504

Неколку минути пред полноќ, полициски службеници го уапсиле 33-годишниот Р.К. од Крушево на регионалниот пат Крушево–Прилеп, на локацијата позната како „Врбоечко патче“.

Како што информира МВР, Р.К. управувал патничко возило марка „Опел“ со скопски регистарски ознаки, без да поседува возачка дозвола. При извршена контрола, било утврдено дека е под дејство на алкохол и биле измерени 1,81 промили.






– Возачот веднаш бил исклучен од сообраќај и лишен од слобода – информираа од Министерството за внатрешни работи.

Против него ќе биде поднесен соодветен поднесок, а случајот е целосно документиран од Полициското одделение за безбедност на патниот сообраќај Крушево.

Поврзани содржини