„СЦЕНАРИО СМИСЛЕНО ВО ДУБАИ ЗА СПАС НА ФИЛИПЧЕ“ Петрушевски вели дека е разоткриен планот на СДСМ за хаос во Кочани

Пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ посочи дека вчерашниот инцидент во кој советникот на Филипче, Аки Акиов, физички нападнал вработена во општина Кочани, претставува само почеток на спроведување на тој план.

519

Пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Бране Петрушевски, обвини дека во Кочани се спроведува смислено сценарио за создавање на хаос и страв, со цел да се спаси Венко Филипче од изборен пораз.

– СДСМ влегува во сериозно, однапред смислено сценарио за дестабилизација во Кочани, со единствена цел – спас на Венко Филипче, кој има очајно низок рејтинг и на кого му се заканува дебакл на локалните избори – изјави Петрушевски на денешната прес-конференција.






Тој обвини дека планот бил направен уште пред еден месец на тајна средба во Дубаи меѓу Филипче и поранешниот премиер Зоран Заев. Како доказ, Петрушевски потсети дека тогаш Венко Филипче бил отсутен од јавноста шест дена, без објаснување.

Пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ посочи дека вчерашниот инцидент во кој советникот на Филипче, Аки Акиов, физички нападнал вработена во општина Кочани, претставува само почеток на спроведување на тој план.

– Советникот на Филипче, Аки Акиов, кој вчера удри вработена и се закануваше на советници, не е обичен активист. Тој е човек од најголема доверба на Зоран Заев. Имаме фотографија на која се гледа заедно со Заев – рече Петрушевски, додавајќи дека видеото од инцидентот го потврдува насилството.

– Ова ли е иднината што ја нуди Венко Филипче? Тепање и страв? Филипче ја применува истата тактика на Заев – внесување на паника и закани преку локални тепачи – изјави тој.

Од ВМРО-ДПМНЕ бараат веднаш Акиов да си поднесе оставка од Советот на Општина Кочани, а Филипче јавно да се огради од неговото однесување.

– Наместо лицемерни пораки и декларативни осуди, го повикуваме Филипче да покаже одговорност. Нека го повика својот советник Акиов да поднесе оставка и јавно да се извини. Во спротивно, е соучесник во сценариото на насилство – додаде Петрушевски.

Тој предупреди дека сето ова е дел од поширок план на СДСМ за ширење страв и насилство, со цел политички спас.

– СДСМ сака да направи хаос во Кочани и да сеат страв преку локални силеџии. Но, нивниот план е прочитан и пресечен во корен. Филипче е разоткриен – рече Петрушевски.

Поврзани содржини