ВЕНЕЦИЈА ПРОТЕСТИРА ПРОТИВ ВЕНЧАВКАТА НА БЕЗОС И ЛОРЕН САНЧЕЗ Ќе им преседне ли свадбата на милијардерот и новинарката

Веста дека Џеф Безос, основачот на „Амазон“ и еден од најбогатите луѓе во светот, ќе се ожени со Лорен Санчез во Венеција предизвика негодување кај локалните жители, кои долго време се загрижени за влијанието на масовниот туризам врз нивниот град.

746

Веста дека Џеф Безос, основачот на „Амазон“ и еден од најбогатите луѓе во светот, ќе се ожени со Лорен Санчез во Венеција предизвика негодување кај локалните жители, кои долго време се загрижени за влијанието на масовниот туризам врз нивниот град.

Меѓу оние кои отворено се спротивставија на свадбената церемонија е Марта Соторива, наставничка од Венеција и долгогодишна активистка. Нејзината борба започна со кампањи против доаѓањето на огромни крстосувачки бродови и драстичното зголемување на кириите, а сега таа го крена гласот против, како што вели, „уште еден голем настан“ што дополнително ја турка Венеција во рацете на богатите елити.






Планираната гламурозна свадба на Безос и поранешната телевизиска новинарка Лорен Санчез е закажана да започне на 24 јуни, а се шпекулира дека церемонијата ќе се одржи во базиликата Сан Џорџо, на истоимениот остров.

Соторива, заедно со десетици други активисти, организира протести под слоганот „Нема место за Безос“ – се изработуваат транспаренти, се делат летоци и се испраќаат пораки од плоштадите преку мегафони.

Градот е преплавен со постери на кои е прикажана главата на Безос на ракета, алузија на неговата вселенска компанија „Блу Ориџин“, а кампањата се прошири и на локални селски фестивали и јавни расправи.

„Има многу гнев во воздухот затоа што градската власт повторно се покори на логиката на профит – нашиот град беше продаден на најбогатиот понудувач“, рече Соторива.

„Секој пат кога ќе се случи ваков настан, градот застанува, одредени делови стануваат недостапни, а пристигнуваат уште повеќе туристи. Оваа свадба е навистина симбол на сè што е погрешно со Венеција.“

За разлика од свадбата на Џорџ Клуни и Амал Аламудин во 2014 година, која беше пречекана со симпатии, овој настан беше пречекан со многу поголем отпор.

Градоначалникот Луиџи Брунијаро, кој уште во март потврди дека свадбата навистина ќе се одржи во градот, се соочува со сè посилни критики, не само од активистите, туку и од политичките противници.

Поврзани содржини