ФИЛИПЧЕ ВО АТИНА Е ИСТО ШТО И ЗАЕВ ВО СОФИЈА И АТИНА ЗАЕДНО Нема да дозволам да нѐ кодошат во странство оние кои треба да се чувари на националните интереси, порача Мицкоски

Не можеме да молчиме пред однесувањата на лидерот на опозицијата, пред неспособноста и предавствата кои со зачуденост јасно ги гледаме. Народот веќе ја знае вистината. Ние сме сведоци на тоа дека македонската жица на овие политичари свири само кога ќе се објави тендер или лична корист, рече лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

1,260

Она што Филипче го направи во Атина само нѐ потсети дека кодошењето на сопствената земја не е туѓо и дека не смее да се заборави, за да не се повтори, како и дека Филипче во Атина е исто што и Заев во Атина и Софија заедно, истакна вечерва премиерот и претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски во обраќањето по повод јубилејот – 35 години од формирањето на ВМРО-ДПМНЕ.

Чествувањето се одржува во Хераклеа од каде Мицкоски порача дека лидерот на СДСМ по принципот на неговиот ментор, не може повеќе да ја измами јавноста со празни ветувања и политики на понижување.






Според Мицкоски, Македонија веќе нема да биде земја на понижување и предавство. Нејзината надворешна политика е достоинствена, принципиелна и базирана на заштита на нашата заедничка историја, култура и идентитет. Не можеме да дозволиме, нагласи, да нѐ кодошат во странство оние кои треба да бидат чувари на националните интереси и да не мислат дека ветувањата за отстапки, деградации и понижувања ќе ги донесат повторно на власт. Народот е свесен и нема да дозволи повторно да биде измамен.

– Не можеме да молчиме пред однесувањата на лидерот на опозицијата, пред неспособноста и предавствата кои со зачуденост јасно ги гледаме. Народот веќе ја знае вистината. Ние сме сведоци на тоа дека македонската жица на овие политичари свири само кога ќе се објави тендер или лична корист. Ова се нови времиња, кога народот има очи да гледа и памет да не биде излажан. Ние нема да дозволиме да се повтори истата приказна. Ќе ги држиме на одговорност сите кои ќе се обидат да ја злоупотребат довербата на граѓаните. Секој ќе одговара пред законот – подвлече Мицкоски.

Оваа борба, напомена, не е за политички поени.

– Ова е борба за нашите деца, за нивната иднина, за достоинствен живот во сопствената татковина –  нагласи Мицкоски во обраќањето.

Поврзани содржини