ЈА УДРИЛ СО ШИПКА ПО ГЛАВА, ЈА ВЛЕЧЕЛ ПО УЛИЦА И СЕ ЗАКАНУВАЛ СО СЕКИРА Се бара притвор за велешанецот кој нападна девојче и се дал во бегство

Според обвинителството, нападот се случил на 13 јуни, кога осомничениот првин ја навредувал малолетната жртва, а потоа со метален предмет ѝ нанел удар по главата. Кога девојчето паднало, ја влечел по улицата, по што реагирале нејзините родители и ја повикале полицијата.

2,698

Основното јавно обвинителство Велес поведе постапка против 23-годишен жител на Велес, осомничен за брутален напад врз девојче родено во 2016 година и за шест напади врз службени лица. Обвинителството побара притвор за осомничениот, кој бил недостапен два дена по инцидентот.

Според обвинителството, нападот се случил на 13 јуни, кога осомничениот првин ја навредувал малолетната жртва, а потоа со метален предмет ѝ нанел удар по главата. Кога девојчето паднало, ја влечел по улицата, по што реагирале нејзините родители и ја повикале полицијата.






На местото на настанот пристигнале шест полициски службеници, но осомничениот продолжил со агресивно однесување и се заканувал со секира и тесла. И покрај дадените наредби да запре, се приближувал кон полицајците, што ги принудило да испукаат два предупредувачки куршуми во воздух. Напаѓачот потоа побегнал и бил недостапен два дена.

По неговото приведување, тој продолжил да се заканува на службените лица во полициската станица.

– Обвинителството оцени дека постои реална опасност осомничениот да ги доврши кривичните дела доколку се брани од слобода. Дополнително, неговото претходно бегство е показател за ризик од повторно недостапност – велат од Основното јавно обвинителство Велес.

За случајот е побарана мерка притвор поради насилство врз дете – дело санкционирано со член 201-а од Кривичниот законик – и поради напад врз службени лица согласно член 383.

МОМЧЕ СИНОЌА ДИВЕЕЛО ВО ВЕЛЕС Со ножеви нападналo девојче, нејзината мајка и полицајци и избегалo

Поврзани содржини