НА ПОВИДОК НОВ ПРЕДЛОГ ЗА УБЛАЖУВАЊЕ НА ЦЕНИТЕ НА ХРАНАТА Владата се консултира со експерти

Мицкоски не прецизираше за какво решение се работи, но рече дека се следи ситуацијата и дека сериозно пристапуваат на решавање на проблемот.

242

Премиерот Христијан Мицкоски денеска најави дека многу скоро ќе има предлог-решение за ублажување на растот на цените на прехранбените производи.

Во изјава за медиумите дадена во Битола, Мицкоски не прецизираше за какво решение се работи, но рече дека се следи ситуацијата и дека сериозно пристапуваат на решавање на проблемот.






– Се консултираме со експертската јавност, следиме што се случува со однесувањето на трговците, производителите, дистрибутерите и на ланците на трговци. Ова е еден сериозен процес во којшто сериозно навлегуваме и мислам дека многу скоро ќе излеземе со предлог решение – рече Мицкоски, одговарајќи на новинарски прашања.

Министерот за економија Бесар Дурмиши викендов изјави рече дека Пазарниот инспекторат ја следи состојбата, но дека не е забележано драстично зголемување на цените.

– Нема драстично зголемување на цените во делот, каде што ние сме надлежни, во делот на прехранбени основни производи. Секој месец, Државен пазарен инспекторат ќе биде на терен ќе гледа, ако случајно се случува да имаме зголемување енормно без економска оправданост од трговците на цените. Нормално дека ќе донесеме пак одлуки и ќе донесеме поригорозни мерки од тоа што сме ги презеле досега – изјави Дурмиши.

Владата во февруари ги ограничи маржите на повеќе од 100 групи на производи. Мерката траеше до 30 април.

 

Поврзани содржини