ОНКОЛОГИЈА ЛИЧИ НА СЀ, ОСВЕН НА БОЛНИЦА Министерот Алиу најави крај на тендерските доцнења и на чекалниците без столчиња

Новиот министер за здраство, Азир Алиу, најави трансформација на здравствениот систем преку модел базиран на 5 столба. Ќе се изработи мапа на здравствени потреби по региони, ќе се воведе платформа за транспарентност и за следење резултати, ќе се вложува во обука на медицинскиот кадар и ќе се раздвојат менаџерските од клиничките функции. Финансирањето ќе се темели на резултати и на број на пациенти, а системот ќе биде дигитализиран и усогласен со ЕУ-стандардите.

2,568

Новиот министер за здраство, Азир Алиу, на денешната прес-конференција во Владата рече дека ќе се заложи за здравствен систем базиран на 5 столба кои ќе го трансформираат здравството во поправеден и поефикасен сервис за граѓаните.

Алиу посочи дека ќе се фокусира на неколку клучни насоки, на спроведување на програмата 2024-2028, решавање на наталожените проблеми од изминатите години и на воспоставување нова култура на стратешко и долгорочно планирање во Министерството со акцент на Националните стратегии како суштински документ, со цел, како што посочи, да се изгради стабилен, политички независен здравствен систем.






Секој столб ќе го зајакне здравството

– За да ги реализираме овие цели, ќе градиме систем, базиран на 5 столба што ќе го трансфорираат здравството во поправееден и во поефикасен сервис за граѓаните. Ќе изградиме мапа на здравствени потреби по региони и по општини, што ќе покаже каде недостигат здравствени работници опрема или функционални центри. Со вториот столб – транспарентност и отчетност во здравтвените услуги – ќе креираме платформа за следење на перформансите на здраствениот ситем, секој граѓанин ќе има можност да види каде се третира побрзо, каде резултатите се најдобри и каде има потреба од унапредување. Третиот столб е професионален развој и зајакнување на човечките ресурси, секојдневно ќе го зајакнуваме обучувањето на лекарите и медицинските сестри и јасно ќе ги разграничиме клиничките од менаџерските услуги. Четвртиот столб е одржливо финанисирање и фокус на превенција. Ќе го напуштиме слепото финансирање, болниците ќе бидат поддржани според популацијата што ја покриваат и резултатите, што се постигнуваат, ќе ги следиме во реално време. Исто така ќе има и дигитализација која подразбира и поврзување со здравствениот систем на ЕУ – рече Алиу.

Најави национална програма „Порано подобро – превенцијата започнува со тебе“, со која секој граѓанин којшто има над 40 години ќе има право на бесплатни прегледи за рано откривање дијабетес, кардиоваскуларни заболувања , хипертензија и други. Истакна дека ова ќе се спроведе на тој начин што ќе има онлајн платформа на којашто граѓаните ќе можат да се пријавуваат.

Кочани ќе биде во фокусот

Алиу воедно рече дека Кочани е во фокус на неговото работење и најави дека утре ќе оствари средба со директорката на болницата во Кочани, а во наредните денови и со граѓаните во Кочани, со цел да ги увиди нивните реални потреби.

– Дефинтивно Кочани ни е во фокус, има работна група во Владата, исто така, и ние имаме работна група во Министерството. Овие денови ќе бидеме во Кочани, нема да одиме на средби со новинари, туку одиме да се видиме со граѓаните и лично да ни кажат кои се нивните потреби. Утре имам и средба со диркеотрката на болницата во Кочани затоа ќе почнам од таму. Од прв ден видов дека како Министерство немаме работна група за менаџирање со кризни ситуации и веднаш креирав активности за тоа да се случи и ќе видите дека наскоро за месец дена ќе имаме работни групи за сите можни катастрофи – дали природни или предизвикани од човечки фактор, рече Алиу.

Во однос на петтиот, односно последниот столб, министерот оцени дека е централен и многу важен столб.

– Петтиот столб, кој е централен во здравствениот систем, е столбот за дигитализација. Тој е во сржта на секоја промена во која ја поставуваме технологијата како цел. Градиме целосен систем на електронско здравство, вклучувајќи електронска здравствена картичка, дигитални рецепти и упатувања, како и платформи за ефикасно поврзување на пациентите со лекарите – изјави Алиу.

Министерот додаде дека ќе бидат воведени меѓународни стандарди сѐ со цел, во иднина да се овозможиинтеграција со европската мрежа.

Новиот министер за здравство исто така најави брифинзи со новинари секоја среда, а секоја недела прес-конференции на кои ќе ги најавува следните активности.

Во однос на обвинувањата од неговиот претходник, Арбен Таравари, дека не е лекар, а дека ќе извршува функција на министер за здравство, Алиу истакна дека без разлика што не е лекар, може да придонесе во развој на здравствениот систем, бидејќи, како што рече, „јас нема да оперирам срце, туку ќе креирам систем во кој лекарите ќе можат да прават операција на срце, со соодветни материјали, апаратура и со простории“.

„Клиниката за онкологија личи на сѐ, само не на болница за такви пациенти“

 

Алиу најави дека ќе се дисперзираат базичните услуги за онколошките пациенти низ државава, онаму каде што и со закон можат да се дозволат.

– Ќе ги дисперзираме услугите, тие што се базични и што можат со закон да се дозволуваат ќе бидат достапни за граѓаните за најблиску каде што живеат. Но, од друга страна, мора да бидеме сигурни дека лековите, што треба да ги примаат, ќе бидат чувани во соодветни услови, така што целата програма ќе има услови за следење, односно „трекинг систем“ – рече Алиу.

Тој посочи дека како министер за здравство, се срами од инфраструктурните услови на Клиниката за онкологија.

– За жал, лично ја видов сликата таму, ако влезете во чекална на Онкологија тоа личи на сѐ, само не на Клиника којашто треба да лекува такви пациенти. Прво што најавувам е креирање на достоинствени услови за чекалните бидејќи таму нема ниту столчиња за седење. И сите треба да се срамиме со таква инфраструктура, а и јас како министер за здравство –  нагласи Алиу.

Решение за недостигот на хормонска терапија за пациентите на Онкологија

Во однос на недостигот на таблетарната хормонска терапија за онколошките пациенти и до каде е процедурата, тој рече дека решението е 6 месеци пред истекот на договорот со постоечкиот тендер и компанија, секоја клиника да мора да го отвори и да го затвори тој процес.

– За жал процедурите се такви во државата што ако нешто се случува во процесот на тендерирање, ќе треба да се чека и ова ни беше една од точките како може да се надмине овој проблем и најдовме решение, решението е секоја клиника, секоја институција, да мора да го отвори и да го затвори тој процес 6 месеци пред истекот на договорот со постоечкиот тендер и компанија. Што ќе се случи, ако случајно во тој период, заради, еве како што ни се случи сега, заради икс причини, правни, или човечки или други фактори, да имаме време да се отвори тендерот уште еднаш и да не се појави тој недостиг на лекови кај пациентите, така што гледате дека лесно можат да се решаваат проблемите, само треба работа и волја – рече Алиу.

Тие што работат со години треба да имаат решен статус

Во однос на договорците на дело, министерот рече дека имал средба со директори на клиники на која било посочено дека сите се соочуваат со предизвици во однос на човековиот фактор – недостиг на кадар, лекари, медицински сестри и на техничари.

– Тие, што работат со години, нормално дека треба да имаат решен статус, додека, пак, за другите ќе отвараме процедури, но за тоа нормално ќе ни треба време, заедно со министерката за финансии, да го видиме и аспектот на финансии и на поддршка рече Алиу, одговарајќи на новинарски прашања.

Дигитализацијата е решение за многу проблеми

Во врска со случајот со гинекологот, кој правел бесплатен ПАП тест на пациентка на друго име, рече дека сигурно тоа не е единствен пример и решението го гледа во дигитализацијата.

– Тоа е жално, јас мислам дека тоа не е ни единствен случај, јас од првиот ден се заложив, еве ќе видите секоја недела ќе зборувам за дигитализација – без дигитализација општеството ќе тоне, вториот момент е намалување на човечкиот фактор. Во тој случај, замислете да имавме таков дигитален систем во кој секој лекар во систем ќе стави дека се процесира некоја интервенција, автоматски на СМС ќе му стигне порака за тој термин. Тогаш пациентот ќе беше информиран за тој несовесен доктор во реално време, а и ќе знаеше дека е дома додека на СМС добива порака дека е на лекар. И тогаш, ако некој доктор сака да злоупотреби, системот тоа нема да му го дозволи, истакна Алиу.

Парите од Велика Британија ќе се користат и за подобрување на здравството во другите градови

Во однос на новиот Клинички центар, што го најави премиерот Христијан Мицкоски, министерот истакна дека првин ќе се работи на мапирање.

– Во оваа фаза знаете дека со договорот со Велика Британија, ние, како Министерство за здравство, имаме 1 милијарда евра за инфраструктирни проекти. Освен тоа, имаме и други фондови кои во моментот ги анализираме, инфраструктурно ние мора да се екипираме, па затоа една од работите, што веќе ќе ги почнеме од понеделник, е мапирање – бидејќи не е само Клинички центар, туку и во другите градови имаме инфрасруктура која не е достојна за таков сервис за граѓаните, така што ќе имаме јасна слика која ќе биде јавно достапна и ќе има портал со мапирана инфраструктура – рече Алиу.

Алиу беше министер за информатичко општество и администрација во 2023 и во 2024 година. Тој е дел од Алијанса за Албанците која остана во Вреди откако доскорешниот министер

Поврзани содржини