БЕСПЛАТНИ ПРЕГЛЕДИ ЗА СИТЕ УЧЕСНИЦИ „Аџибадем Систина“ домаќин на трката „Croatia Osiguruvanje Business Run 5K 2025“
Голем број компании учествуваа со свои тимови, меѓу кои беа и домаќинот „Аџибадем Систина“ заедно со „Премиум спорт центар“, кои имаа повеќе од 50 учесници. Со голема енергија и ентузијазам тие ја истрчаа целата патека, гордо носејќи ги боите на своите брендови.
Во духот на спортот, дружењето и здравите навики, пред Клиничката болница „Аџибадем Систина“ во Скопје се одржа деловната трка на 5 километри „Croatia Osiguruvanje Business Run 5K 2025“, на која оваа здравствена установа беше горд домаќин. Стартот и целта беа поставени пред болницата, каде што се собраа стотици вработени од компании од различни сектори, обединети со една цел – да ја промовираат физичката активност, тимската поврзаност и деловното дружење.

„Оваа трка е симбол на заедништвото и тимскиот дух. Горди сме што ‘Аџибадем Систина’ беше домаќин на настанот и што преку спорт повторно ја покажавме важноста на активниот и здрав животен стил“, соопштија од болницата.
Голем број компании учествуваа со свои тимови, меѓу кои беа и домаќинот „Аџибадем Систина“ заедно со „Премиум спорт центар“, кои имаа повеќе од 50 учесници. Со голема енергија и ентузијазам тие ја истрчаа целата патека, гордо носејќи ги боите на своите брендови.

Како дополнителна поддршка на здравиот животен стил, болницата овозможи бесплатно мерење на шеќер во крвта за сите учесници, пред и по завршувањето на трката. За резултатите и препораките беше задолжена д-р Надица Божиновска Димова, специјалист по ендокринологија, која им даде корисни совети на сите заинтересирани.

По трката следуваше неформално дружење со музика, освежување и доделување признанија за најуспешните учесници. Просторот пред болницата беше претворен во зона на спортски дух, позитивна енергија и тимска мотивација.
Од болницата велат дека и понатаму остануваат посветени на иницијативи кои промовираат здрави навики и тимска култура, како клучни вредности на нивната организација.