🎥 МОМЧЕ МУ ПУКАЛО ВО ГЛАВА Претседателски кандидат во Колумбија е во критична состојба

Стејт департментот остро го осуди обидот за убиство на колумбискиот претседателски кандидат, сенаторот Мигел Урибе, и го повика претседателот на Колумбија, Густаво Петро, ​​да се воздржи од „запалувачка реторика“ и да ги заштити колумбиските функционери.

190

Кандидатот за претседател на Колумбија на изборите следната година, сенаторот Мигел Урибе, беше застрелан во глава во главниот град Богота, јавуваат светските агенции. Според досегашните информации, тој се наоѓа во критична состојба.

Според властите, нападот се смета за атентат. На видеа на социјалните мрежи се гледа како 39-годишниот политичар држи говор на митинг во западен дел од градот, кога се слушаат истрели. На други снимки Урибе лежи на земја, крвав.






Градоначалникот на Богота, Карлос Галан, соопшти дека Урибе е пренесен во итна медицинска установа. Еден осомничен е уапсен, а според здравствените власти, сенаторот бил погоден од три куршуми, од кои два во главата. Според колумбискиот весник „Ел Тиемпо“, напаѓачот е 15-годишно момче.

Колумбиската влада, предводена од левичарскиот блок, остро го осуди нападот, нарекувајќи го „напад врз демократијата, слободата на мислата и правото на политичко учество“.

Мигел Урибе е член на партијата Демократски центар, чиј лидер е поранешниот претседател Алваро Урибе, кој беше на власт од 2002 до 2010 година. Мигел Урибе ја објави својата кандидатура во октомври минатата година.

Пред да биде објавено дека напаѓачот е уапсен, министерот за одбрана Педро Санчес понуди награда од 700.000 долари за информации што ќе помогнат во идентификација и апсење на одговорните за нападот.

Стејт департментот остро го осуди обидот за убиство на колумбискиот претседателски кандидат, сенаторот Мигел Урибе, и го повика претседателот на Колумбија, Густаво Петро, ​​да се воздржи од „запалувачка реторика“ и да ги заштити колумбиските функционери.

Во соопштението се наведува дека одговорните за нападот мора да бидат казнети.

Поврзани содржини