ЦРНА ГОРА ЌЕ ПРАВИ ВОЕНИ ДРОНОВИ Првата пратка оди во Украина
Планираната инвестиција вреди 15 милиони долари и е дел од поширока иницијатива за јакнење на одбранбените капацитети на Црна Гора во согласност со стандардите на НАТО. Проектот ќе биде поддржан и од американската администрација, предводена од претседателот Доналд Трамп.
Црна Гора наскоро ќе започне со производство на беспилотни летала во партнерство со американска технолошка компанија, а првата серија од оваа напредна воена опрема ќе биде донирана на Украина. Ова го објавија повеќе црногорски медиуми, повикувајќи се на усвоено писмо за намери од владата во Подгорица на 29 мај.
Планираната инвестиција вреди 15 милиони долари и е дел од поширока иницијатива за јакнење на одбранбените капацитети на Црна Гора во согласност со стандардите на НАТО. Проектот ќе биде поддржан и од американската администрација, предводена од претседателот Доналд Трамп.
„Писмото за намери“ ќе го потпишат министерот за економски развој на Црна Гора, Ник Ѓељошај, и Роберт Џ. Донахју, директор на американската компанија „By Light Professional IT Services DOO“. Договорот што ќе произлезе од оваа иницијатива е најавен за потпишување во септември.
Производството ќе се базира на искористување на капацитетите на домашни и регионални компании за тестирање и развој на воздушни и подводни беспилотни системи. Владата на Црна Гора се обврза првата серија од новите дронови да ѝ ја донира на Украина, како дел од поддршката за нејзината одбрана.
Од Амбасадата на САД порачуваат дека оваа соработка е чекор напред во јакнење на заедничката безбедност, стабилност и трансатлантскиот напредок.
„Инвестирањето во модерна одбранбена технологија, како што се американските дронови, е јасна потврда за сериозниот ангажман на Црна Гора во рамки на НАТО. Во време кога Европа треба да преземе поголема одговорност за сопствената безбедност, ова е чекор во вистинската насока“, соопшти американската дипломатска мисија.