НЕМА ДА ИМА ПОСКАПУВАЊЕ НА СТРУЈАТА Бислимовски најави стабилни цени и нов тендер за универзален снабдувач

Претседателот на Регулаторна посочи, иако тендерот е отворен, досега речиси секогаш се пријавувал државниот производител ЕСМ, кој нуди цена далеку под пазарната.

382

Во јуни годинава ќе биде распишан тендер за избор на универзален снабдувач со електрична енергија, информираше претседателот на Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги, Марко Бислимовски. Како што посочи тој, иако тендерот е отворен, досега речиси секогаш се пријавувал државниот производител ЕСМ, кој нуди цена далеку под пазарната.

– Од најавите кои ги слушам, најверојатно ќе се оди со истата цена од 62 евра за мегават-час – изјави Бислимовски во гостување во емисијата Топ Тема на ТВ Телма.






Тој потсети дека од пред година и половина, цените за пренос и дистрибуција ќе се определуваат во ноември и декември, по што ќе се одредува и крајната цена на универзалниот снабдувач.

Во однос на тоа дали ќе има промени во цената на електричната енергија за граѓаните, Бислимовски оцени дека не се очекува поскапување.

– Јас не очекувам дека ќе има промена на електричната енергија за домаќинствата и малите потрошувачи – истакна тој.

Според него, фактор кој влијае на производната цена на ЕСМ е зголемениот увоз на јаглен, кој е присутен во последните неколку години.

Поврзани содржини