📽️ „ВАКА ЗАПОЧНА СÈ, НОВО ВИДЕО ОД ПОДГОТОВКАТА НА „ПАЈАЖИНА“ Откриени детали од масовниот напад во 5 руски региони

Според украинските власти, во акцијата учествувале над 100 дронови, кои ги таргетирале стратешките воздушни бази длабоко на руска територија – со главна цел да се онеспособат бомбардерите со долг дострел, способни да носат нуклеарно оружје.

4,040

Украинската безбедносна служба (СБУ) објави видео од еден од дроновите FPV кои биле испратени на мисија за време на масовниот напад врз руските воени бази, изведен на 1 јуни во рамки на операцијата со кодно име „Пајажина“.

Според украинските власти, во акцијата учествувале над 100 дронови, кои ги таргетирале стратешките воздушни бази длабоко на руска територија – со главна цел да се онеспособат бомбардерите со долг дострел, способни да носат нуклеарно оружје.

 






Речиси истовремено избувнале експлозии на повеќе точки во Русија, од Мурманск, северно од Арктичкиот круг, па сè до Амур на рускиот Далечен Исток – преку 8.000 километри од украинската граница.

Руското Министерство за одбрана потврди дека било нападнато најмалку во пет региони: Мурманск, Иркутск, Иваново, Рјазан и Амур. Според нив, оштетени се авиони во Мурманск и Иркутск, додека другите напади биле одбиени.

 

Во меѓувреме, Москва објави дека привела лица поврзани со нападите, но украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека тие луѓе биле „успешно извлечени од Русија и се безбедни“.

Операцијата „Пајажина“ се смета за еден од најкомплексните и најдолгорочни удари врз руската воена инфраструктура од почетокот на инвазијата во 2022 година.

📽️ УКРАИНА ПОГОДИ 40 РУСКИ АВИОНИ ПРЕД НАЈАВЕНИТЕ ПРЕГОВОРИ? Операцијата „Пајажина“ била планирана 18 месеци

Поврзани содржини