ФИЛИПЧЕ Е НАЈОДГОВОРЕН ШТО ИЗГОРЕА 14 ЛУЃЕ ВО ТЕТОВСКАТА БОЛНИЦА Тој лично ја направил спецификцијата за набавката на модуларните, потенцира ВМРО-ДПМНЕ

Лицето кое Венко Филипче го назначил за главен и одговорен архитект на сите модуларни, одговорно лице за техничката спецификација и претседател на Комисијата за јавни набавки за 13-те модуларни болници, во исказот пред Обвинителството вели дека не ја изготвил техничката спецификација, туку само ја проследил,  по налог на министерот, до министерот за труд и социјална политика, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

188

Филипче е најодговорниот за 14 жртви во модуларната во Тетово, тој лично ја правел техничката спецификација на тендерот, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

„Немаат крај скандалите на Венко Филипче. По досега изнесените информации во аферата „Провизии кои чинат животи“, од кои се утврди дека на Филипче како министер за здравство важни му биле само профитите, на површина излегуваат дополнителни скандали. Венко Филипче е директно одговорен и виновен за набавката на модуларните болници, со лош квалитет и лесно запалив материјал, поради што тетовската модуларна болница, во која животот го загубија 14 луѓе, целосно изгоре за само 2 минути. Според информациите кои стигнаа до нас, тогашниот министер за здравство, Филипче лично ја подготвил спецификацијата за тендерската постапка, каде што модуларните болници биле набавени како стоки“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.






Лично тој ја дал готовата техничка спецификација во одделот на Министерството за здравство задолжен за спроведување на набавката, се додава во соопштението.

„Ова го потврдува одговорното лице од Министерството за здравство кое се потпишало на спецификацијата дадена од Филипче лично, во исказ пред Јавното обвинителство. Лицето кое Венко Филипче го назначил за главен и одговорен архитект на сите модуларни, одговорно лице за техничката спецификација и претседател на Комисијата за јавни набавки за 13-те модуларни болници, во исказот вели дека не ја изготвил техничката спецификација, туку само ја проследил,  по налог на министерот, до министерот за труд и социјална политика. На Филипче очигледно не му требал архитект за модуларните, туку само потписник на неговите матни тендери од кои профитирал провизии, а кои чинеа 14 животи“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

Освен ова, се додава, Филипче противзаконски, без одобрение за поставување и употреба дозволил, со негова лична одлука ги пуштил во употреба модуларните болници во кои не смеело да се изведува здравствена дејност.

„Бидејќи, болниците биле набавени како стоки и нема извештај од надзор, согласно член 74 од Законот за градење, не можеле да се впишат ни во Катастар. Но, и ова не е сè, после трагедијата во Тетово, со цел да се спаси, но и дополнително да профитира, Филипче склучил анекс на договорот со фирмата која ги градеше модуларните болници и ја зголемил цената за 20%, наместо да ѝ наложи на нејзин трошок да ги промени материјалите во другите болници низ државата. И овој анекс е противзаконски, затоа што е во целост спротовен на основниот договор за модуларните болници и е ништовен согласно Законот за облигациски односи“, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Од сево ова јасно произлегува дека единствениот и најодговорен за смртта на 14 луѓе кои живи изгореа во тетовската модуларна болница е тогашниот министер и сега претседател на СДСМ, Венко Филипче, соопшти владејаќката ВМРО-ДПМНЕ и најави нови прес-конференции на оваа тема.

Поврзани содржини