ТРАМП ГИ ЗГОЛЕМУВА ЦАРИНИТЕ НА ЧЕЛИК НА 50% Први реагираа берзите со пад на индексите
Американскиот претседател смета дека зголемените царини „дополнително ќе ја обезбедат челичната индустрија“.
Претседателот на САД Доналд Трамп објави дека ќе ги удвои тарифите за увоз на челик од 25 на 50% од 4 јуни, што предизвика пад на берзанските индекси.
Трамп смета дека зголемените царини „дополнително ќе ја обезбедат челичната индустрија“.
Изјавата предизвика пад на берзанските индекси на азиско-пацифистичките пазари, но и на американскиот пазар.
Јапонскиот референтен индекс Nikkei 225 падна за 1,33%, а индексот Topix за 0,99%. Јужнокорејскиот Kospi падна за 0,22%, додека Kosdaq, индекс на компании со мала капитализација, порасна за 0,68% пред претседателските избори во земјата на 3 јуни.
Австралискиот S&P/ASX 200 ослабе за 0,22%, додека индексот Hang Seng во Хонг Конг падна за значителни 1,9%. Индексот Nifty 50 во Индија падна за 0,64%. Пазарите во Кина, Малезија и Нов Зеланд беа затворени за време на државните празници.
Фјучерсите на акциите во САД исто така паднаа. Фјучерси на S&P 500 паднаа за 0,3%, исто како и Nasdaq-100, додека индустрискиот просек на Dow Jones изгуби 108 поени (0,3%).