ДО ПЕТОК ВРЕМЕТО ЌЕ БИДЕ ПРОМЕНЛИВО Температурите утре ќе достигнат 26 степени
Во среда во западните делови, а во четврток на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи. Од петок следува период на претежно стабилно време со пораст на дневните температури.
Времето денеска ќе биде сончево со умерена облачност. Попладне во западните делови ќе има локална појава на нестабилност со пороен дожд и грмежи. Ќе дува умерен, долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец. Температурите ќе бидат во интервал од 3 до 26 степени.
Во Скопје времето ќе биде сончево и потопло со умерена облачност. Попладне облачноста ќе се зголеми. Ќе дува умерен до засилен северен ветер. Температурите ќе бидат во интервал од 7 до 26 степени.
Во среда во западните делови, а во четврток на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи. Од петок следува период на претежно стабилно време со пораст на дневните температури.