📽 БРИЖИТ МУ УДРИ ШАМАР НА ЕМАНУЕЛ МАКРОН Францускиот претседател не знаеше дека го снимаат

Инцидентот се случил додека претседателскиот пар се подготвувал да се симне по скалите на авионот на аеродромот во Ханој. Видеото покажува како Макрон, изненаден од гестот на неговата сопруга, застанува за момент, но набрзо продолжува да мавта кон толпата и се симнува со насмевка.

4,321

Необичен инцидент го одбележа пристигнувањето на францускиот претседател Емануел Макрон во главниот град на Виетнам, Ханој. На видеото снимено од агенцијата „Асошиејтед Прес“, може да се види како првата дама на Франција, Брижит Макрон, при излегување од претседателскиот авион, одеднаш го турнала лицето на својот сопруг со дланката.

Моментот брзо стана вирален на социјалните мрежи, предизвикувајќи лавина коментари и шпекулации.






Инцидентот се случил додека претседателскиот пар се подготвувал да се симне по скалите на авионот на аеродромот во Ханој. Видеото покажува како Макрон, изненаден од гестот на неговата сопруга, застанува за момент, но набрзо продолжува да мавта кон толпата и се симнува со насмевка.

Се шпекулира дали станува збор за вистински удар или дури и за шега меѓу сопружниците.

Британските таблоиди го нарекоа инцидентот „јавна шлаканица“ и „брачна грешка“. Додека медиумите во Франција како што се „Ле Монд“ и „Либерасион“ останаа резервирани, а бурата на социјалните мрежи не стивнува.

Елисејската палата првично објави дека снимката е генерирана од вештачка интелигенција, но подоцна потврди дека снимката е автентична.

Видеото набрзо стана вирално на социјалните мрежи и најчесто се најде на профили познати по тоа што се спротивставуваат на Макрон, вклучително и проруски канали.


Еден од блиските соработници на претседателот изјави дека станува збор за „обичен брачен флерт“ и дека тоа бил момент на „релаксација пред почетокот на сериозно државно патување“.

„Тоа е момент на интимна блискост меѓу сопружниците. Не беше потребно многу за да се започне нов бран теории на заговор“, соопшти тимот на претседателот, додавајќи дека негативните коментари најчесто доаѓаат од проруската орбита.

 

Поврзани содржини