ЏЕЈ ЏЕЈ ПОБАРА ИЗРАЕЛ ДА БИДЕ ИСКЛУЧЕН СЛЕДНАТА ЕВРОВИЗИЈА За Австриецот е неприфатливо тоа што се случува во Газа

Многу е разочарувачки да се види дека Израел сè уште учествува во натпреварувањето. Би сакал следната Евровизија да се одржи во Виена без Израел, изјави овогодинешниот победник на Евровизија за шпанскиот весник „Паис“.

238

Победникот на овогодинешниот Евровизиски натпревар, Австриецот Џеј-Џеј, денес побара Израел да биде исклучен од музичкото натпреварување поради војната во Појасот Газа, пренесува Танјуг.

– Многу е разочарувачки да се види дека Израел сè уште учествува во натпреварувањето. Би сакал следната Евровизија да се одржи во Виена без Израел – изјави тој за шпанскиот весник „Паис“.






Израелскиот претставник, Јувал Рафаел, кој го преживеа нападот на Хамас на 7 октомври 2023 година, освои најмногу гласови од публиката и заврши на второто место, зад Џ.Ј.

Поврзани содржини