ТРАМП ГО ПРАЌА СВАТОТ ДА МУ БИДЕ ПРВ ЧОВЕК ВО ПАРИЗ Помилуваниот свекор на Иванка стана амбасадор
Откако призна вина по сите точки од обвинението и помина две години во затвор, сватот на Трамп беше помилуван од Трамп во 2020 година, токму кон крајот на мандатот на американскиот претседател. Трамп беше реизбран за претседател во ноември 2024 година и набрзо го назначи Кушнер за амбасадор во Франција.
Таткото на зетот на американскиот претседател Доналд Трап ќе биде нов амбасадор на САД во Франција, објави Политико. Чарлс Кушнер, татко на познатиот Џеред Кушнер, е познат по тоа што беше помилуван од Трамп во 2020 година откако беше осуден за за манипулирање со сведоци и даночно затајување.
Кушнер се изјасни за виновен во 2005 година по 18 точки од обвинението, вклучувајќи даночно затајување, манипулирање со сведоци и давање нелегални донации за кампањата. Тој помина две години во затвор, што беше најдолгиот можен период според договорот за признавање на вина со обвинителите.
На сослушување во Сенатот Кушнер рече дека ги признава сериозните грешки од минатото и дека тие би можеле да му помогнат да биде подобар амбасадор бидејќи ја платил цената за лошите одлуки.
– Оттогаш, претседателот Трамп ме помилува. Но, не седам тука пред вас денес и не ви кажувам дека сум совршена личност. Не сум совршена личност. Направив многу, многу, многу сериозна грешка и платив многу висока цена за таа грешка.
Синот на Чарлс, младиот Џеред Кушнер, кој е во брак со Иванка Трамп, е познат по својата улога како висок советник во Белата куќа и по контроверзниот проект за изградба на луксузен комплекс во срцето на Белград.
Во периодот од 2017 до 2021 година, Кушнер служеше како висок советник на претседателот Трамп, каде што беше задолжен за клучни иницијативи како што се Блискоисточниот мировен процес, трговски договори и реформи во кривичната правда. Тој беше главниот архитект на т.н. „Договори Авраам“, кои доведоа до нормализација на односите меѓу Израел и неколку арапски земји .
Кушнер не е единствениот свекор по брак за кого Трамп си најде место во владата. Масад Булос, свекорот на Тифани Трамп, најмладата ќерка на претседателот, е виш советник во администрацијата.