ИЗГОРЕА ТРИ ВОЗИЛА ВО БИТОЛА Едното возило е на познат бизнисмен и поранешен кандидат за градоначалник

Според портпаролот на СВР Битола, Сања Стаматова, трите опожарени возила се водат на приватни фирми, битолска, скопска и тетовска фирма. 

3,930

Во пожар што се случи ноќеска 20 минути по полноќ изгореа три автомобили паркирани пред колективна зграда на улицата Леринска во Битола.

Огнот прво избувнал во „тојота“, а потоа зафатил уште две возила паркирани до тој автомобил.






Според неофицијални информации, едниот опожарен автомобил е сопственост на бизнисменот и поранешен кандидат за градоначалник од редовите на СДСМ, Христо Кондовски.

Од полицијата потврдуваат дека се опожарени возилата, а екипи на противпожарната служба интервенирале веднаш по дојавата и спречиле пошироко проширување на огнот. Немало повредени лица.

Според портпаролот на СВР Битола, Сања Стаматова, трите опожарени возила се водат на приватни фирми, битолска, скопска и тетовска фирма.

– Пожарот избувнал на паркинг на улица Леринска каде од страна на непознат сторител била фрлена запаллива течност при што опожарени биле три возила ‘тојота рав’ хибрид со битолски ознаки сопственост на приватна фирма, корисник била С.К. Другото опожарено возило е ‘пасат’ со тетовски регистерски ознаки сопственост на приватна фирма и третето зафатено со оган возило е ‘дачија’ со скопски ознаки исто така сопственост на приватна фирма. Извршен е увид на местото на настанот се преземаат мерки да се расчисти случајот – изјави Стаматова.

Поврзани содржини