ПОРТФОЛИО ДИЕТА ИЛИ СТАТИНИ? Што да јадете за намалување на холестеролот?

Нивоата на холестерол имаат тенденција полесно да се зголемуваат по 40-годишна возраст (бидејќи телото станува помалку ефикасно во неговото чистење), но покачениот холестерол може да биде проблем на која било возраст. Колку подолго останува неконтролиран, толку е поголема веројатноста да предизвика проблеми.

310

Денес, речиси и да нема човек кој нема или кој незнае некој што има висок холестерол, а загрижувачки е што дури и децата од предучилишна возраст го имаат овој проблем.

Ова е директна последица на физичката неактивност и лошите навики во исхраната. Затоа, ако се соочувате со овој проблем, дефинитивно треба да размислите да ја смените исхраната.






Високиот холестерол е подеднакво опасен како и високиот крвен притисок бидејќи е скриена опасност, односно, обично нема никакви симптоми додека не настане штета. Потоа напомош доаѓаат лековите, статини, кои ефикасно го намалуваат нивото на холестерол, но понекогаш и правилната исхрана може да направи разлика.

Студија објавена во American Journal of Clinical Nutrition 2005. покажала дека Портфолио диетата може да го намали холестеролот, еднакво како и статините. Тоа е диета базирана на многу влакна и протеини, главно од растителни извори, вклучувајќи јаткасти плодови. Портфолио диетата е дизајнирана да го намали „лошиот“ ЛДЛ холестерол, што е главен фактор на ризик за кардиоваскуларни заболувања. Затоа вклучува храна за која е докажано дека има ефект врз холестеролот.

Прочитајте повеќе на „Арт кујна“.

Поврзани содржини