🎥 КЕТИ ПЕРИ НАПРАВИ СЦЕНА СРЕДЕ КОНЦЕРТ „Тргни се од мојот сопруг“, му порача пејачката на еден обожавател од публиката
На својата светска турнеја „Лајфтајмс“, во текот на која ќе одржи дури 84 концерти, таа беше во одлично расположение, а во текот на настапот во Невада, одлучи да се пошегува - и тоа на средина од песна.
Светски познатата пејачка Кети Пери остави еден обожавател без зборови среде концертот со мошне неочекувана забелешка. На својата светска турнеја „Лајфтајмс“, во текот на која ќе одржи дури 84 концерти, таа беше во одлично расположение, а во текот на настапот во Невада, одлучи да се пошегува – и тоа на средина од песна.
Во текот на изведбата на својот сингл од 2024 година „I’m His, He’s Mine“, Кети отиде до работ на сцената во трико и мрежести чорапи и застана. Таа го здогледа обожавателот Кајл како пишува на мобилниот телефон и му се обрати директно со многу јасна порака.
„Знам зошто си тука“, рекла таа со насмевка и театрална сериозност. „Слушај… Ако продолжиш да му пишуваш пораки на мојот сопруг… Го правиш тоа веќе со месеци, откако настапувам овде. Не дојде поради мене“, додала таа.
„Ако продолжиш да му пишуваш на мојот сопруг, ќе те исфрлиме. Сериозно, најди си свој живот“, продолжила таа, пред да го повтори насловот на нејзината песна: „Тој не те сака, Кајл. Јас сум негова жена. Јас сум негова, тој е мој… Тргни се, сериозно.“
katy clocked kyle so bad it was genuinely so funny
— annika (@annikaxperry) May 18, 2025
Кајл ја сподели снимката на социјалната мрежа Икс, а подоцна објасни дека сè започнало затоа што сакал Кети да отпее негова стара песна што ја обожава, поради што се обратил до нејзиниот сопруг Орландо за помош.
Публиката била воодушевена: „Кајл, ХАХАХА, не те поштеди, плачам од смеење“, „Мислев дека е сериозна и се чувствував лошо за тебе“, „Луѓето во коментарите не сфаќаат дека сето тоа е дел од настапот, умирам…“
За потсетување, Кети Пери и Орландо Блум се запознаа во 2016 година на забавата по доделувањето на Златните глобуси, накратко раскинаа во 2017 година, а една година подоцна повторно се споија и се свршија на Денот на вљубените во 2019 година. Во август 2020 година ја добија ќерката Дејзи Дав. Оттогаш имаат една од најстабилните врски во Холивуд.